Актуелно 29.12.2018 16:37

Ѓорчев порача дека Заев ги разочарал Албанците, веста ја пренесоа 22 албански медиуми

Ѓорчев порача дека Заев ги разочарал Албанците, веста ја пренесоа 22 албански медиуми

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев на седницата за пратенички прашања, одржана во четвртокот, упати прашање до премиерот Зоран Заев: Што конкретно како дело и проект има направено за Албанците?

-Господине Заев, Албанците исто како и Македонците и сите останати во Република Македонија, ниту се задоволни, туку се разочарани и излажани од лажните ветувања кои што им ги дававте во предизборието. Господине Заев, имате ситуација каде што и Албанците и Македонците се иселуваат како никогаш, никогаш досега. Погледнете ги паралелките во тетовско и во гостиварско, намалени се од 35 ученици на 12-13 ученици. Господине Заев не набројавте ниту еден проект кој што сте го направиле ниту за Албанците, ниту за Македонците – му порача Ѓорчев на премиерот од собраниската говорница.

Инаку говорот на пратеникот Ѓорчев, го пренесоа дури 22 албански медиуми. (Линк од албанските медиуми кои го пренесоа говорот –  http://fax.al/search?s=gjorcev&page=1 )

Поради неостварените ветувања од страна на Заев кон неговите гласачи, припадници на албанскиот етникум, неговиот рејтинг во оваа група е во слободен пад.

Премиерот, пак од друга страна не даде конкретен одговор на прашањето на Ѓорчев.