Веднаш да престане блокадата на СДСМ за зголемување на ПЕНЗИИТЕ, ова денеска преку свој статус на Фејсбук го пишува Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.
-Денес НЕ можевме да одржиме комисија во Собранието од 2 причини:
1. Не беше присутен НИТУ ЕДЕН пратеник на СДСМ и поради нив немавме кворум.
2. Министерката Мила Царовска беше ОТСУТНА. Цели 2 (ДВЕ) години речиси НИКОГАШ нема дојдено во комисиите на Собранието.
Пратениците на СДСМ треба да дојдат на комисијата, а НЕ да бидат отсутни.
Како претседател на комисијата за труд и социјална политика на Собранието, подготвен сум да ја закажам комисијата ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ, само нека дојдат пратениците на СДСМ и министерката Царовска.
Пензионерите НЕ треба да бидат жртви на НЕОДГОВОРНОСТА на пратениците на СДСМ и министерката.
Пензионерите ЗАСЛУЖУВААТ поголеми пензии!
Веднаш!
Доста со блокадите! , стои во неговиот пост на Фејсбук.