Актуелно 07.09.2018 21:07

Ѓорчев се сретна со Манфред Вебер, кандидатот на ЦДУ за претседател на Европската комисија и генералниот секретар на ЕПП

Ѓорчев се сретна со Манфред Вебер, кандидатот на ЦДУ за претседател на Европската комисија и генералниот секретар на ЕПП

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев за време на својата посета на Брисел оствари средба со Манфред, шеф на пратеничката група на ЕПП во Европскиот парламент.

Денес Вебер ја објави својата кандидатура за претседател на Европската комисија за европските избори во 2019 година, а во меѓувреме ќе учествува како кандидат во рамките на ЕПП од редовите на германската коалиција ЦДУ.

Воедно денес Влатко Ѓорчев се сретна со генералниот секретар на ЕПП Антонио Лопез Изтуриз кој доаѓа од редовите на Народната партија на Шпанија.

На двете средби Ѓорчев ги информираше соговорниците за актуелните политички случувања во Македонија, особено во делот на економските проблеми, политичкиот прогон од страна на СДСМ и разочарувањето на граѓаните од владините политики на Заев.