Актуелно 26.08.2018 19:12

Ѓорчев: Сенаторот Џон Мекејн беше голем пријател на Македонија и АРМ, секогаш го користеше нашето уставно име

Ѓорчев: Сенаторот Џон Мекејн беше голем пријател на Македонија и АРМ, секогаш го користеше нашето уставно име

-Сенаторот Џон Мекејн беше долгогодишен и голем пријател на Република Македонија. Секогаш во своите изјави и настапи го користеше нашето уставно име, со силна поддршка на македонско – американските односи, рече пратеникот.

Вели дека на заедничките средби секогаш Мекејн бил силен промотор на членството на Македонија во НАТО и имал одлични зборови за професионалноста и обученоста на војниците на АРМ.

-Ми беше задоволство што како меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ бев присутен на неговата претседателска конвенција во Минеаполис во 2008 година, каде што беше номиниран за кандидат за претседател на САД од редовите на Репубиканската партија. Му благодарам што секогаѓ беше отворен и достапен за средба и разговор во неговиот кабинет, рече Ѓорчев.

На крајот, пратеникот се осврна на соработката со Меѓународниот републикански институт (ИРИ):

-Сенаторот Џон Мекејн беше претседател на ИРИ, кој што е долгогодишен партнер на ВМРО-ДПМНЕ. Присутноста на ИРИ изминативе 22 години во Македонија ги помогна демократските процеси и ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ја развива соработката со ИРИ, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Сенаторот Џон Мекејн (1936 – 2018) почина во текот на денешниот ден. Беше конгресмен (1982 – 1986) и сенатор (1986 – 2018) од Аризона. Во 2008 година беше кандидат за претседател на Републиканците, а резултатот беше 52 % – 46 % во корист на Барак Обама.

Мекејн беше сопруг на Линдзи Мекејн и имаше 7 деца.