Зошто бегате од соочувања на телевизија, пред јавноста, не е работата да зборувате во камерна атмосфера со нарачани прашања. Не бегајте од телевизиски соочувања, порача Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ гостувајќи на телевизија Канал 5 со Хари Локвенец од СДСМ.
Тој повика дека премиерот Зоран Заев треба да излезе на дуле со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицксоки.
-Но, немате аргументи затоа не се излегува на дебати. Ајде нека излезат да дебатираат носителите на листи за изборите од вашата коалициј. Нека излезат да дебатираат министрите, а не само да гостуваат и да кажуваат штоа сакаат, рече Ѓорчев.
Тој им порача: „Излезете на мегдан да ги кажете аргументите“.