Актуелно 13.12.2018 22:09

Ѓорчев: Владата на СДСМ има само автоголови и го менува името за што не доби мандат

Ѓорчев: Владата на СДСМ има само автоголови и го менува името за што не доби мандат

Проблемот на владата предводена од СДСМ е што има голема непопуларност, што луѓето не и веруваат, премиерот е и судија и кадија, ослободувате пратеници од притвор за да гласаат за уставни промени и промена на името… Ова се само дел од работите кои Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ гостувајќи на телевизија Канал 5, ги посочи како одлика на владеењето на СДСМ.

Според него најголемиот проблем е што ништо не е реализирано од ветувањата.

-Наместо зборот е збор, за вас лагата е лага, рече Ѓорчев на гостувањето на Канал 5, обракајќи се на гостинот од СДСМ беше Хари Локвенец.

Тој како што посочи во овој период откако е СДСМ на власт, а ако се смета и периодот на техничка влада, станува збор за четврта година владеење „една шајка не е закована, една бандера не е направена“.

-Владата на СДСМ има само автоголови и го менува името за што не доби мандат, рече Ѓорчев