Актуелно 13.10.2018 11:53

Ѓорчев во Институтот за конзервативна соработка од Вашингтон: СДСМ поразен на референдумот, ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставните измени

Ѓорчев во Институтот за конзервативна соработка од Вашингтон: СДСМ поразен на референдумот, ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставните измени

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев во Вашингтон оствари средба со Џим ДеМинт, претседател на Институтот за конзервативна соработка (ЦПИ) близок до Републиканската партија, информираат од партијата

Ѓорчев го информираше соговорникот за актуелната политичка состојба во Македонија после неуспешниот референдум на 30-ти септември, на кој што политиките на Зоран Заев доживеаја тежок пораз.

На референдумот граѓаните во големо мнозинство искажаа незадоволство од предлозите на владата на СДСМ, порачувајќи дека не даваат поддршка за уставните измени.

Од тие причини, ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука во Собранието да не гласа за уставните измени кои што ги предлага владата на Зоран Заев.

Истовремено, Македонија се соочува со влошена економија, зголемен долг, засилен политички прогон, суспендирана демократија и намалени медиумски слободи.

Ѓорчев го нагласи значењето на долгорочната соработка и сојузништво на Македонија и САД, кое што го поддржуваат и промовираат поголем број на организации како Институтот за конзервативна соработка.

Џим ДеМинт е поранешен републикански конгресмен и сенатор од Јужна Каролина, а потоа беше претседател на фондацијата Херитиџ. Сега е претседател на Институтот за конзервативна соработка (ЦПИ) во Вашингтон.

Најнови вести