Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев беше во посета на Куманово заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
Ѓорчев пред кумановчани истакна дека Заев и СДСМ тотално го заборавија Куманово. Многу ветија, а ништо не остварија. Овој гра д им даде голема поддршка, а сега властите никаде ги нема да возвратат со проекти.
Ѓорчев додаде дека секој ден расте поддршката за ВМРО-ДПМНЕ. Рејтингот на СДСМ е во забрзан пад затоа што народот се чувствува излажан и разочаран.
На крајот Ѓорчев рече дека ВМРО-ДПМНЕ ја подготвува програмата на идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе ја предводи Христијан Мицкоски. Секој предлог е добродојден, затоа што секој човек е важен и добродојден.
Воедно, Николоски и Ѓорчев им ги честитаа претстојните празници на сите кумановчани и на членството на ВМРО-ДПМНЕ, со желби за здравје и успех.