Актуелно 12.10.2018 16:51

Ѓорчев во Вашингтон се сретна со Вес Мичел и Метју Палмер

Ѓорчев во Вашингтон се сретна со Вес Мичел и Метју Палмер

За време на средбите Ѓорчев ги информирал соговорниците за актуелната политичка состојба во Македонија после референдумот што се одржа на 30-ти септември.

Ѓорчев истакнал дека македонските  граѓани го поддржуваат членството на Македонија во ЕУ и НАТО, но немаат доверба во политиките на Зоран Заев и неговата влада, што се виде преку нискиот одѕив на референдумот.

Како што пишува во партиското соопштение воедно, Ѓорчев го посочил проблемот со очигледното полнење на кутии на повеќе избирачки места на референдумот, проблемите со слободата на медиумите, политичкиот прогон, јавната безбедност и секојдневната нефункционалност на владините институции.

-Во делот на економијата, Ѓорчев ги информираше соговорниците за влошените економски показатели и проекциите на ММФ дека Македонија ќе има убедливо најмал економски раст на Балканот. Во делот на надворешната политика, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на стратешкото сојузништво со САД кое што го иницираше и потпиша токму владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2008 година. Ѓорчев истакна дека САД се партнер, пријател и сојузник на Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ силно ги поддржува и промовира сојузништвото со САД како долгорочна позиција на партијата и на државата, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.