Актуелно 26.10.2018 18:51

Ѓорчев во Виена: Засилена соработка со Австриската народна партија од ЕПП и ИРИ

Ѓорчев во Виена: Засилена соработка со Австриската народна партија од ЕПП и ИРИ

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, во рамките на европскиот политички самит на ИРИ, оствари поголем број на билатерални средби, меѓу кои со Дитмар Халпер, директор на политичката академија на Австриската народна  партија,  кој  е дел од Австриската  народна  партија (ЕПП). На средбата Ѓорчев се заблагодари за поканата за учество на самитот и можноста да се споделат искуствата помеѓу двете сестрински партии, а ваквата соработка и размена на искуства ќе продолжи во наредниот период, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Воедно, Ѓорчев се сретнал со Роменд Пелфер, политички директор на Австриската народна партија. На средбата станало збор за билатералната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Австриската народна партија, која оствари големи успеси под раководство на актуелниот партиски лидер Себастијан Курц, кој е актуелен канцелар на Австрија.

На средбата со Иан Картер, политички директор на Конзервативната партија од Велика Британија, станало збор за долгогодишната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Конзервативната партија, која што трае 25 години. Ѓорчев го запознал соговорникот со најновите политички случувања во Македонија, а Картер се осврнал на меѓународната соработка и иницијативи на Конзервативната партија.

-Во текот на вчерашниот ден, Ѓорчев оствари средба со програмскиот директор на ИРИ  за Европа, Тиболт Мезгре. На европскиот самит на ИРИ учествуваат претставници на партиите и експерти од САД, Велика Британија, Франција, Полска, Чешка, Романија, Словенија, Австрија и други земји, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Најнови вести