Актуелно 22.03.2019 14:20

Глувите и наглувите лица на протест: Царовска сака да им наметне партиски претседател на здружението по своја желба

Глувите и наглувите лица на протест: Царовска сака да им наметне партиски претседател на здружението по своја желба

Здруженијата на глуви и наглуви од повеќе градови ширум Македонија, денес се на протест во Скопје.

Тие протестираат пред Централен регистар бидејќи од таму наидоа на одбивање да си го регистрираат здружението со нивни претседател.

Надлежните сакаат да наместат свој претседател на ова здружение кој ќе можат да го контролираат во работата.

Ова здружение доби упад од министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која сака да стави свој човек на нивно чело.

Со ова Царовска практично сака директно да се вмеша во нивната работа и да може да ги замолчи при евентуално критикување на власта додека ги бараат своите права.

Тие имаат свој претседател, а тоа е Томица Стојановски, но власта сака да си намести свој човек.

Глувите и наглувите лица станаа заложници на непотизмот и партиските вработувања кои оваа власт ги пропагира.

Дополнително, на протестот беа испратени огромен број на полицајци за да го обезбедува просторот, како овие луѓе да претставуваат некаква закана.

Предмалку, протестантите ја блокираа улицата кај „Веро“ и побараа оставки.