Актуелно 13.11.2019 16:26

Глувонемите лица протестираа, додека власта им се закани дека доколку протестираат ќе им го укинат додатокот од четири илјади денари

Глувонемите лица протестираа, додека власта им се закани дека доколку протестираат ќе им го укинат додатокот од четири илјади денари

Денеска пред министерството за труд и социјална политика членовите на Здружението на глуви и наглуви лица „Тишина“ го искажаа своето незадоволство од страна на оваа влада и ресорната министерка.

Имено ти се пожалија дека веќе подолг временски период немаат земено плата и на здружението не му се префрлаат никакви средства.

-Бевме во министерството, ни ветија средба за во вторник и дека на истата средба ќе повикаат по неколку членови од националниот сојуз на глувите. На средбата беше и шефот на кабинет на министерката Душан Томчиќ, досега  многу пати пишувавме и писма и барања до министерката, но не не примаа долго време. Но, сега кога дојдоа и новинари, одма почна како малку да има соработка и не примија за да јавно го изразиме револтот, изјави член на ова здружение.

Протестот беше најавен од пред неколку дена, а еден од членовите на ова здружение преку својот толкувач изјави дека на денешниот протест требало да има многу повеќе членови, но тие добиле закани да не се појават на истиот.

-Требаше да има многу поголема бројка но, од вчера на многумина им се закануваа од блиски луѓе до Националниот сојузот на глуви дека ако дојдат на протест ќе им го укинат додатокот од четири илјади денари што го земаат од министерството секој месец. Некои се плашат, им се закануваа и од врата до врата и им одеа и од другите градови- членови, мислам дека тоа не е во ред, вели еден од луѓето кои протестираа.

Ова беше потврдено и од страна на друг член при што потврди дека е сведок на ваква закана во Штип.

-Јас сум сведок дека многу други од Штип ми кажуваа дека ако дојдеме денеска д Скопје ќе ни го укинат додатокот од четири илјади денари. Јас им реков не се плашете тоа е додаток кој ви следува на сите, не може Сојузот да го укине. Здружението во Штип нема никаква донација, три месеци нема никаква средства. Јас имам проблем со толкувач и не можам да ги решам своите проблеми. Се јавувам барам но, немам конкретен одговор, додава друг револтиран граѓанин кои денеска протестираше пред Министерството за труд и социјална политика.