Актуелно 18.06.2019 13:11

Го допревме дното- Македонците најнесреќни во регионот

Го допревме дното- Македонците најнесреќни во регионот

На листата на најсреќни земји на светот, Финска повторно го зазема првото место, додека Македонија се најде на 84 место. Најсреќни балканци се Словенците позиционирани на 44. место, потоа следува Србија на 70. Црна Гора на 73. Хрватска на 75 место и БиХ на 78 место. Грција се наоѓа на 84. место.

Резултатите од испитувањето на нивото на среќа се објавени на страницата World Happiness Report, а зад Финска се најдоа Данска, Норвешка, Исланд, Холандија, Швајцарија и Шведска.

Унгарија се наоѓа на 62. Грција на 82, додека меѓу среќни земји се сметаат и Нов Зеланд 8. Канада 9. Австрија 10 Австралија 11 и Луксембург на 14. место.

Велика Британија, Германија и Франција се наоѓаат на 15., 16. и 17 место, Русија на 68., а САД на 19. место.

Најлошо рангирани се Централната Африканска Република на 155., Авганистан на 154. Руанда на 152. и Јемен на 151 место,

Листата на најсреќните земји се прави на основа на тоа колку се задоволни граѓаните на една земја, а го спроведува мрежата на Обединетите нации за одржливи развојни решенија во соработка со Фондацијата Ернесто Или.