Актуелно 21.04.2019 12:20

Го фотографирал ливчето: Приведено лице на гласачко место во Аеродром

Го фотографирал ливчето: Приведено лице на гласачко место во Аеродром

МВР денеска за Сител информираше дека се подготвени за фер и мирни и безбедни избори, а засега е регистриран инцидент во Аеродром.

Од МВР изјавија дека едно лице било приведено на гласањето во Аеродром, бидејќи го фотографирало ливчето.

Настанот се случил на гласачкото место во градинката „Срничка”.