Големите инвеститори побараа од Надзорниот одбор на „Фејсбук“ да ја прогласи независна улогата на претседавачот среде аферата што неодамна го погоди технолошкиот гигант.
Новиот предлог, презентиран од компанијата „Трилиум асет менаџмент“, се однесува на отстранување на Марк Цукерберг од водечките позиции поради неодамнешните скандали, вклучувајќи го и случајот на компанијата „Кембриџ аналитика“, која манипулира со личните податоци на 30 милиони корисници.
„Влегуваме во нова фаза на развој на Фејсбук”, рече Јонас Крон, потпретседател на „Трилиум“. „Фејсбук користи технологија што ја надминува нашата перцепција и сфаќање за начинот на кој технологијата влијае на општеството, и затоа е време да се ограничи Цукерберг и да се направат некои структурни промени”.
Акционерите ја обвинија компанијата за пропусти и лошо постапување при разни скандали што излегоа на виделина, изјави министерот за финансии на САД, Мајкл Фрерицис. „Време е за промени. Треба да ја вратиме довербата на инвеститорите и да ги заштитиме нивните интереси”, додаде Фредерис.
Сепак, оваа иницијатива се чини дека не е ништо повеќе од симболичен гест, имајќи предвид дека основачот и извршниот директор, Цукерберг, има речиси целосна контрола врз компанијата.