Актуелно 04.07.2019 18:52

Големо невреме во Македонија, попладнево пороен дожд во Скопје

Големо невреме во Македонија, попладнево пороен дожд во Скопје

Низ Македонија локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи.

Нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи беше застапена во околината на Кичево, Македонски Брод, Крушево како и во Велес, а истотака и во Тополчани и околината каде брзината на ветерот достигнувала до 70 км/час, а имало и појава на град.

Поради големата енергија во атмосферата можна е и понатаму изолирана појава на поинтензивни процеси во форма на невреме со град и силен ветер.

Цело Скопје е зафатено со невреме. Најголемо невреме го зафати Лисиче.

Од УХМР известија дека поради големата енергија во атмосферата ќе има услови за изолирана појава на поинтензивни процеси во форма на невреме со град и силен ветер.