Актуелно 24.10.2018 15:03

Градежниците сакаат побргу да ги продадат недвижнините пред влезот на Македонија во НАТО

Градежниците сакаат побргу да ги продадат недвижнините пред влезот на Македонија во НАТО

Раст на цените за околу 20 проценти очекува Градежната комора со влезот на Македонија во НАТО, според изјавите што ги дадоа претставниците на градежните компании на саемот „Технома“.

Оттаму велат дека годинава е намалена изградбата поради ревидирањето или стопирањето на дел од деталните урбанистички планови. Според бизнисмените, побарувачката на станови е стабилна. Изградбата на нови станови ќе продолжи.

– Тоа е пракса во поблиско опкружување. НАТО е всушност стабилност, а цените кај нас се стабилизирани. Сигурно е тоа дека не може да се случи пад, бидејќи во градежниот сектор немаме некоја реализација во последните две години – изјави Ивица Јакимовски, претседател на Градежната комора на Македонија при Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК)