Премиерот Зоран Заев синоќа беше присутен на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, но на прилепчани не им беше баш мило што го гледаат, пренесе локалниот портал „Маркукуле“.
После забавата на еден од штандовите, со силно обезбедување Заев го напушти Прилеп, а притоа беше испратен со свирежи и “Уааа”.
По посетата на Прилеп, Заев замина за Битола каде поради недостаток на присутни на „прославата“ за наводната покана од НАТО беше принуден да се обрати пред медиумите од тротоар, наместо од бината.