Актуелно 13.10.2018 15:16

Груевски со реакција за најновата истрага: Ако не се спомене моето име, СЈО не го чувствуваат доволно атрактивен предметот кој го работат

Груевски со реакција за најновата истрага: Ако не се спомене моето име, СЈО не го чувствуваат доволно атрактивен предметот кој го работат

Поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски, излезе со реакција на Фејсбук за најновиот предмет на СЈО, во кое нема истрага против него, но повторно е споменато неговото име.

Фејсбук статус на Никола Груевски:

Денес повторно, иако не ме внесуваат во истрагата, СЈО ме спомнуваат дека пред 17 години сум учествувал во нешто за што во тоа време, ниту како министер сум имал ингеренции да учествувам, ниту најголем дел од луѓето во тоа време лично сум ги познавал, ниту знам што и дали воопшто имало нешто противзаконско, ниту пак на било кој начин сум учествувал.

СЈО или било кој друг досега не ме информирал дека се води предистражна постапка за ова, ниту ме прашал нешто за тој предмет.

Очигледно, ако во ова време на политички прогони и хајки, не се спомне моето име, СЈО не го чуствуваат доволно атрактивен предметот кој го работат.