Актуелно 12.11.2018 21:36

Скандалозно: Одбрани провладини медиуми следат политички прогон врз Груевски во живо

Скандалозно: Одбрани провладини медиуми следат политички прогон врз Груевски во живо

Полицијата не го најде Груевски дома, Како течеше акцијата на Алфите за приведување на Груевски, Груевски се крие во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ или избегал од државата?.

Ова се дел од насловите на провладините медиуми кои помпезно со камери го имаат „запоседнато“ влезот во зградата на екс премиерот Никола Груевски и вршеа директен пренос од акцијата на МВР.

Оттука се наметнува прашањето од каде медиумите знаеја точно во колку саат ќе биде спроведена акцијата на МВР и дали извори од МВР ги брифираат.

Неодамна премиерот Зоран Заев најави постапка за помирување. Тој повика постапката за помирување да се води низ транспарентен процес под будното око на јавноста за на крајот, како што рече, да успееме да направиме целосно помирување во општеството за да имаме подобра Македонија вредна за достоинствен живот.

Јавноста прашува дали овие немили сцени се дел од најавеното „помирување“ на премиерот Заев.