Актуелно 12.09.2018 18:06

Групна тепачка на Кеј: Искршен објект и приведен Црногорец

Групна тепачка на Кеј: Искршен објект и приведен Црногорец

Групна тепачка вчеравечер ги вознемири скопјани. Како што соопштуваат од МВР , вчера во 22:30 часот во угостителски објект на улица „Кеј 13-ти Ноември“, по претходна вербална расправија, настанала физичка пресметка помеѓу четири непознати лица.

Потоа лицата излегле од објектот, при што го скршиле стаклото од влезната врата.

По преземени мерки, од страна на полициски службеници, бил приведен Ј.Ш.(39) од Црна Гора, a се преземаат мерки и активности за пронаоѓање и на другите лица. За настанот е известен јавен обвинител.

Се работи на целосно расчистување на случајот.