Актуелно 05.03.2019 18:29

Институциите без слух – Антикорупциска се уште ги чека документите за сомнителните вработувања на блиските роднини на СДСМ

Институциите без слух – Антикорупциска се уште ги чека документите за сомнителните вработувања на блиските роднини на СДСМ

Не запираат незаконските вработувања и унапредувања. Државните институции кадровски се зајакнуваат и покрај забраната за вработување во изборниот период. Антикорупциската комисија се уште  не открива кој ги крши законот, но најавија дека ќе отворат предмети за новите вработувања а ќе ги истражува ново специјална комисија во склоп на Агенцијата за вработување.

Претседателката на Државната изборна комисија за спречување Билјана Ивановска изјави дека до крајот на неделава истекува рокот за доставување на документите од страна на институциите.

Но за жал, до сега ниту една институција сè уште не доставила документација каква што побара Антикорупциската комисија за случаите каде постои сомнеж дека биле вработени блиски роднини на државни функционери.

Претседателката Билјана Ивановска вели дека секоја институција која нема да го почитува барањето до крајот на неделава, кога поминува рокот за тоа, ќе биде санкционирана.

Во случај ако институциите не постапат во рок од 15 дена, Комисијата ќе иницира прекршочна процедура.

Член 100 од Законот за спречување на корупцијата:

Глоба во висина од 200 до 400 евра ќе се изрече против одговорното лице во надлежната институција или овластеното лице кое нема да преземе мерки за донесување на бараната информација од страна на Државната комисија најдоцна 15 дена од примањето на барањето.“

Непотизмот е табу тема скоро цел месец, а јавноста беше сведок на над стотици вработувања на ќерки, синови и блиски роднини в државните институции  од страна на високи функционери од владата на СДСМ и ДУИ.

Најнови вести