Извршители СТОП бараат владата да стави крај на теророт и економското ропство
На социјалните мрежи почна да се шири онлајн петиција и повик од граѓани за да се сопре како што велат теророт на извршителите.
Во повикот за потпишување на петицијата се вели дека со години граѓаните на Македонија се под постојан терор на извршителите кои безмислосно работат без никаква контрола, со законски рамки кои се исклучиво во нивна корист и корист на богатата клиентела.
„Извршители СТОП“ велат исто така дека Македонија станала земја во која граѓаните се робови на коорпорации и банки, кои немаат никаов интерес за околностите поради кои се направени долговите. Банките безмилосно растураат семејства и од домови прават раселени лица, сето ова со помош на извршителите.
Петицијата се појави на социјалните мрежи по денешниот протест на граѓаните пред Министерството за правда кои што ијавија дека во текот на 2019-та година од државните институции извршителите зеле 20 милиони евра, и беше побарано од граѓанит ена протестот со процесот на ветинг да бидат опфатени и ивршителите.
Во петицијата исто така граѓаните бараат од владата во најкраток можен рок да се достави Предлог- закон до Собранието на Република Македонија со кој ќе се стави конечно крај на неконтролираната узурпација на човековите права и слободи, како крајот на економското ропство.