Актуелно 30.11.2018 00:01

Јанушев: Одговорност треба да се бара кај СДСМ и кај инстиуциите

Јанушев: Одговорност треба да се бара кај СДСМ и кај инстиуциите
Според него, тој вели дека не верува дека би се случила екстрадиција со оглед на пораките пратени од Унгарија. Тој притоа го искоментира и притисокот што се создаде кон опозицијата во барањето каде се крие Груевски.
– До сега не видовме некој притосок врз Унгарија со исклучок на некои спорадични изјави. Одговорност треба да се бара кај СДСМ и кај инстиуциите. Дали беше договорено или не, тие вината треба да си ја бараат меѓу себе. Она што јас би го искоментирал е онаа шарада и цикрус кој го правеа оние денови кога го запоседнаа штабот на ВМРО каде се покажа притисокот врз опозицијата. Заплашувањето на недолжни граѓани искористувањето на МВР и со Воената полиција со специјалци под оружје, новинарите известени кои трчаа по гаражите да го бараат Груевски, кажа Јанушев.
Во врска со обвинувањата на премиерот Заев кон соседските земји, Јанушев вели дека добар е одговорот што го даде премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ кој елегантно одговори на обвинувањата на Заев за поминувањето на Груевски низ неговата земја.
Тој уште еднаш повтори дека не е уверен во екстрадицијата на Груевски со оглед на реториката на Унгарија.