Актуелно 05.09.2018 15:28

ЈП Водовод и канализација – Скопје воведе нова услуга за електронско плаќање на сметките за вода

ЈП Водовод и канализација – Скопје воведе нова услуга за електронско плаќање на сметките за вода

„Плати брзо“ е новата услуга за слуга за електронско плаќање на сметките за вода. Преку оваа услуга ЈП Водовод и канализација – Скопје на своите корисниците им овозможува онлајн плаќање на фактурите без да биде потребно да се регистрираат во системот – Мој Водовод.

На електронскиот сервис „Плати брзо“ со внесување на фолио бројот од фактурата корисниците на услугата можат да извршат плаќање со кредитна или дебитна картичка без провизија, што е поволно за оние корисници кои често патуваат или живеат во странство, соопшти претпријатието.

Со електронскиот систем, додава „Водовод и канализација“, се овозможуваат и сите шалтерски услуги како што е започнување процедура за ажурирање на личните податоци, преглед на долгови, плаќање сметки или рати, ажурирање на состојбата на потрошувачка на водомери, пријавување дефект, како и електронска достава на месечната фактура или целосно исклучување на печатената достава на сметки.

Новата услуга е достапна на линкот  https://e.vodovod-skopje.com.mk/InstantPayment.aspx.

Најнови вести