Државната компанија кој управува, ја одржува и надградува најголемата база на податоци во земјава лани прокнижила ориходи од 5,38 милиони евра или 4,5 отсто повеќе од оствареното во 2016.
Централниот регистар на Македонија (ЦРМ) според официјалната евиденција за тарифите, има регистар на повеќе од 80 услуги за кои напраќа од 70 до 100.000 денари во зависност од услугата што ја бара клиентот.
ЦРМ лани остварил добивка во износ од 651.600 евра што е солиден раст на профитот во споредба со 2016 година кога добивката била 363.000 евра. Според официјалните достапни податоци лани ЦРМ вработувал 294 лица и нивниот број е за 7 помал во споредба со 2016 година.