Актуелно 30.11.2018 18:08

Камчев и Панделески во притвор, „ЗК Пелагонија“ три милиони евра во минус!

Камчев и Панделески во притвор, „ЗК Пелагонија“ три милиони евра во минус!

Групацијата ЗК Пелагонија каде во одборот на директори се притворените бизнисмени Орце Камчев и Цветан Панделевски од јануари до септември годинава бележи загуба во работењето од три милиони евра. Најголемиот земјоделски комбинат информацијата за лошите биласни во работата ги објави на сајтот на Македонска берза.

Во документот, сепак стои дека за тековната година ЗК Пелагонија има оперативни приходи во вредност од 26 милиони евра и бележат раст во однос на лани од 16 проценти. Но за 2018 – та година комбинатот се соочил со поголеми расходи или над 2,3 милиони евра повеќе трошоци во однос на приходот.

ЗК Пелагонија како најголем земјоделски комбинат обработува над 17 илјади хектари државно земјиште земено под концесија пред дваесет години. До сега се потпишани седум анекси на основниот договр од кој последниот во 2016 година. ЗК Пелагонија поседува и 234 хектари кои ги купиле сами.

Според новинарските истражувања изминативе години, комбинатот е во сопственост на „Орка Холдинг“ на Орце Камчев, бизнисменот Цветан Панделевски и фамозната оф шор компанија „Ексико“.

Алсат минатата недела објави дека извршители започнале да запленуваат имот во сопсвеност на Орце Камчев кој веќе 20 дена е во притвор во Шутка. Поради долг на ЗК Пелагонија извршител направија заплена на имот во повеќе фирми, меѓу кои и во млекарницата „Здравје Радово“ која е во сопственост на земјоделскиот комбинат.

Преземањето на млекарницата започна уште во 2015 година кога, Орце Камчев и Цветан Панделевски станаа малцински сопственици. Две години подоцна ЗК Пелагонија ја купи во целост „Здравје Радово“ за 12,6 милиони евра, односно Камчев и Панделевски сами на себе, односно на нивната ЗК Пелагонија ги продадоа акциите.

Орце Камчев и Цветан Панделевски освен бизнис интереси ги врзува и случајот „Империја“ на Специјалното обвинителство. Истрагата на СЈО, бизнисмените ги смести во „Шутка“, а освен нив осомничен е и поранешниот директор на тајната полиција Сашо Мијалков.

СЈО им става на товар неколку дела меѓу кои злоупотреба на службената положба и перење пари. Судот го замрзна имот на фимите на Камчев, Орка Холдинг и Ексико. СЈО има индиции дека преку кривичните дела направена е штета на буџетот од шест милиони евра, а дека се испрани речиси 11 милиони евра.

 

Извор: Алсат М