Економија 27.04.2018 12:49

Катастрофален пад на активностите со недвижнини за една година

Катастрофален пад на активностите со недвижнини за една година

Во Македонија лани биле регистрирани 14.502 трансакции со недвижнни, што е помалку за 10.650 трансакции во однос на 2016 година, покажуваат најновите податоци на Агенцијата за катастар на недвижини, од каде што потенцираат дека тоа значи дека има пад на пазарот на недвижности во однос на обемот на тргување.

Во регистарот на цени и закупнини на Катастарот лани се евидентирани 11.363 продажби на на недвижности, што е пад за 5.619 продажби во однос на претходната година. Истовремено, лани имало 3.139 закупи на територијата на цела Македонија , што е претставува пад во однос на 2016 година за 5.031 трансакција.