Актуелно 14.12.2018 14:28

Катастрофални услови на Институт за белодробни заболувања „Козле“ (ФОТО)

Катастрофални услови на Институт за белодробни заболувања „Козле“ (ФОТО)

По низа скандали што ја потресоа јавноста, а се случија во Институтот за белодробни заболувања „Козле“ по социјалните мрежи пред неколку дена протекоа и слики во какви услови се лекуваат малите дечиња.

Уловите се катастрофални, кревет на кој треба да лежи мајката со своето дете е во должина од 130 центиметри додека ширина е само 65 центиметри. Креветот е обложен одвај со 2 центиметри сунѓер. Додека пак перниците се полнети со партали, а постелнината е со разно разни флеки.

Родителите реагираат на сето ова посочувајќи дека се фрлаат милиони и милиони на неважни работи, додека за основни и пристојни услови по болниците се нема пари.