Финансии 12.10.2018 08:17

Ќе биде ли полесно за странците за работа во Германија?

Ќе биде ли полесно за странците за работа во Германија?

Нов закон за имиграција подготвува Германија.

Со тој закон, како што се соопштува се очекува да се донесе повеќе работна сила од таканаречените трети земји.

Новиот закон за имиграција е во подготовка, а целта е поради недостаток на квалификувани работници да се поедностават процедурите, не само за високо образован кадар, туку и за оние кои имаат завршено средно школо.

Ако покаже вештини и знаење, секој работник кој ќе дојде во Германија и ќе најде работа, ќе може полесно да се досели.

Доселувањето оди преку луѓе, така што многу компании даваат и награди за оние работници кои ќе донесат работник.

Најважно на крај ќе биде познавањето на германски јазик, а годините не се важни ако се работи за дефицитарни професии.

Последните податоци од службите за вработување пак покажале дека работници од источна Европа пополниле стотици илјади работни места, а како што пренесе и Дојче Веле бројот на вработени во јули е за 700 илјади повисок од лани.

Статистиката покажува дека од таа бројка, Германците пополниле 330 илјади работни места, додека странците – 370 илјади работни позиции.