Актуелно 04.08.2018 12:38

Кога лаже Заев: Кога тврди дека консултативниот референдум има задолжително дејство или кога вели дека ако граѓаните не одлучат, институциите ќе одлучат за уставните измени?

Кога лаже Заев: Кога тврди дека консултативниот референдум има задолжително дејство или кога вели дека ако граѓаните не одлучат, институциите ќе одлучат за уставните измени?

Во интервју за отвореното „Студио 1“ на 1ТВ, премиерот Зоран Заев истакнува дека консултативниот референдум ќе има задолжително дејство.

-Референдумот е прво задолжителен и е успешен ако бидат исполнети двата комулативни услови. Тоа значи да гласа мнозинството граѓани кои ќе излезат и да бидат тоа 50 % граѓани од вкупниот број на избирачи. Тоа е по Устав. Кога одите понатаму, согласно Уставот, во законот за референдум и други облици на изјаснување, постапувате по закон. Членот 24, мислам дека беше, е јасно прецизиран. Прецизира дека институциите треба да донесат одлука, согласно закон. Консултативен или претходен референдум е оној каде што граѓаните се прашуваат, а после се носат одлуките, во нашиот случај, одлуките за уставните промени, рече Заев.

После оваа изјава, е јасно дека Заев ги излажа македонските граѓани. Само прашањето е: „Кога излажа, дали кога тврди дека консултативниот референдум има задолжително дејство или кога вели дека ако граѓаните не одлучат, институциите ќе одлучат за уставните измени?

Пред само четири дена, премиерот истакна дека ако граѓаните останат дома и не ја донесат одлуката, тогаш за уставните измени ќе одлучуваат институциите.

-Ако граѓаните заклучат дека прашањето им е тешко, дека не се доволно информирани може да одлучат и да останат дома, без разлика на политичките разлики. Но ова овојпат не е дозволиво. Во таков случај тие ја пренесуваат одлуката на институциите, затоа што со сите правници, со сите релевантни фактори во државата, со сите што го толкуваат и Уставот и законите, тоа значи така. Опција има да се гласа за или против, но опција дали да излеземе или не, нема. Треба да излеземе ако сме вистински патриотим,изјави Заев