Банкарство 28.02.2019 14:42

Шпаркасе банка ја купи Охридска банка

Шпаркасе банка ја купи Охридска банка

На официјалната страна, Охридска Банка објави дека на 28 февруари 2019 година во Скопје, Сосиете Женерал,Франција(акционер на Охридска Банка кој во моментот поседува 384.844 обични акции со право на глас издадени од Охридска Банка) и Штаермаркише Банка и Шпаркасе АГ, Австрија, постигнале договор согласно кој, и под одредбите и условите предвидени во таквиот договор, Сосиете Женерал ќе и ги продаде на Штаер акциите кои ги поседува во Охридска Банка.

Предвидената продажба на акциите издадени од страна на Охридска Банка ќе биде извршена преку тендер во понуда за продажба составена во согласност и условена со одредбите и условите (вклучувајќи ги правилата кои се однесуваат на конкурентски
понуди) на Законот за преземање на акционерските друштва (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 69/2013, 188/2013, 166/2014, 154/2015, 23/2016 и 248/2018).

Денес, управниот одбор на Охридска Банка примил од Штаер намера за преземање на сите акции издадени од страна на Охридска Банка (“Намера за преземање”).

Порамнувањето на трансакцијата е очекувано да се случи во наредните месеци, имајќи предвид дека истото е предмет на обезбедување одобрувања од страна на Народната банка на Република Северна Македонија, Комисијата за хартии од вредност и
Комисијата за заштита на конкуренција.