Овие луѓе немаат никаков морален интегритет да зборуваат за концепт за повисоки плати!
Додека фирмите на премиерот Зеав, Вицепремиерот Анѓушев и новата министерска за финансии Ангеловска остваруваат милионски профити исплаќајќи минимални плати на своите работници, гледаме како тие во улога на политичари се обидуваат да ја манипулираат јавноста дека се загрижени за платите и животниот стандард на работниците во државата.
Како потврда за тоа е фактот што фирмата Брако од Велес во која Вицепремиерот Анѓушев е косопственик согласно завршните сметки доставени во Централен Регистар на Република Македонија во 2018 година има исплатено просечна месечна нето-плата од 276 евра, а истата година има остварено профит од 1.136.545 евра.
Овие луѓе немаат никаков морален интегритет да зборуваат за концепт за повисоки плати. Ако навистина го мислат тоа треба да го покажат во своите фирми што не е воопшто случај.