Актуелно 27.02.2020 16:24

Комисија за труд и социјала на ВМРО ДПМНЕ: Краток осврт кон социјалната заштита во Република Македонија 2020г.

Комисија за труд и социјала на ВМРО ДПМНЕ: Краток осврт кон социјалната заштита во Република Македонија 2020г.

Краток осврт кон социјалната заштита во Република Македонија 2020г.

Социјалната заштита во суштина ги подразбира правата и услугите кои се даваат на најранливите социјални категории. Новите перспективи и новите дефинирања и контексти следејќи ги светските позитивни практики се усмеруваат кон подразбирање на социјалната еднаквост и мир како политики и мерки кои треба да доведат до подобрување на социјалниот статус на граѓаните на личен,семеен и поширок социјален план, доживувајќи ги мерките како сила која ја зајакнува општествената кохезија негувајќи ја способноста и независноста на секоја личност до степен да може и умее да си помогне себе си.
Системот пак на социјална заштита го чинат примарно Центрите и Установите за социјална заштита како и сите чинители кои можат да допринесат во градењето на мрежата на заштита како што се општините, невладините граѓански организации, семејства, поединци и слично што ги дефинира Законот за социјална заштита.Формите пак можат да бидат институционални и вониституционални а во суштина и едните и другите развојни како би можеле да ги следат постојните но и новите потреби и ризици кои ги наметнува брзиот општествен развој и тек.
Преку системот на социјална заштита граѓаните треба да го препознаат делувањето на општеството спрема нивните животни проблеми и потешкотии. Доколку оваа спрега е нефункционална како што е во моментот значи потребно е делување во насока на измени, осовременувања и изнаоѓање на нови мерки и форми кои ќе одговорат на предизвиците.
Во моментот некаде околу 1100 вработени во центрите и установите се задолжени да го имплементираат системот на социјална заштита. Креирањето на политиките и решенијата често не соодветсвуваат со потребите на граѓаните и не покривааат надминување на ризикот. На тој начин имаме заглавеност, тромост и незатворање на актуелни проблеми од една страна и личноста или семејството кои животот ги соочува со нови и продлабочени ризициводеејќи ги во обратна насока, комплексност на проблемите и негативна рефлексија која се мултиплиција врз сите нас од друга страна. Што значи ова?
Таргети
– деца без родителска грижа, деца со воспитно социјални проблеми, деца во судир со законот, деца кои имаат развојни проблеми, деца чии развој е попречуван заради одредени семејни проблеми- деца на улица, питачи, исклучени од воспитно-образовниот процес и сл., посвојување, лица со инвалидитет, семејно насилство, бракоразводи,сиромашни,бездомници, стари лица во ризик,трговија со луѓе, мигранти. . . .
Два процеса треба да се развиваат адекватно, усогласат и реализираат на начин каде квалитетот на дадената услуга ќе се следи и мери преку резултати кои се постигнуваат- деинституализација и децентрализацијана системот за социјална заштита. Во моментот тие се тотално неадекватни и не даваат резултат ами напротив се трошат само средства а исходите се негативни.
Не се нудат третмани кои се со потребен квалитет, „стручните лица“ администрираат документи, детето и понатаму е со неадекватна грижа и продолжено и надвор од семејството, се чувствува напуштено и само.Тоа резултира најчесто се сквенци во однесувањето често и непрепознати од стручните кадри- со агресија, отсуство на позитивни образци на однесување, безделничење, отсуство од училиште или проблематизирано следење на настава, често деструкција што веќе креира нов ризик во однесувањето кое може понатаму да резултира со криминогено однесување и да заврши во казнено поравн установа, на улица или сл.
Што сме направиле? Само трошоци, што сме произвеле? Во рамки на цел промашен процес на третман не сме го виделе корисникот односно детето чие поведение е веќе несоцијално. Што направил Центарот, го зајакнувал ли биолошкото примарно семејство на што сме се обврзале преку Конвенцијата за правата на детето и сите останати ратификувани документи и закони. Колку комуницирале тимовите заеднички? Згора на тоа цел процес беше направен без претходна подготовка и учество и партиципација на самите корисници на што сме се обврзале законски. Парите заминале во неадекватни мерки.
Секој ризик почнува и треба да заврши во најголем број со враќање во/кон семејството или негување на комуникацијата со истото или блиските сродници и нивно јакнење, без оглед дали се работи за деца под старателство, во услови на развод или деца на улица. По адекватен третман и зајакнато семејство детето треба да се врати кај своите. Тогаш имаме и деинституционализација и децентрализација. Сегашниот момент и состојби се само дел од промашен начин на функционирање, неадекватни мерки и никаква грижа за семејството. Како тогаш граѓаните да препознаат социјална грижа и мир, и со кои политики ќе го решава тоа оваа влада?
Популистичките реакции и мерки водат кон изгубени многу генерации нанапред и многу средства дадени за креирање на лица кои започнале како деца жртви, како резултат на нечија неодговорност, изгубен низ лавиринти административен ,,предмет,,, а завршиле како промашени возрасни личности кои најблаго речено би живееле од социјална помош. Каде е тука инклузијата за која многу европски фондови отидоа на хартии.? За каква грижа може да се зборува и за каков процес на инклузија. Особено пак ако се говори за лицата со проблем во развојните фази, категоризациите на нивната функционалност и што всушност значи вклученост за овие лица?Кој е најсоодветниот модел, но кој ќе биде применлив во Македонија а не препишани хартии кои се тотално неприменливи во наши услови.
Не е целта од големи да правиме мали институции, некои од корисниците треба и мора да останат во установа адекватно згрижени, но во каков тип на установи е потребно да се трансвормираат постоечките и кој тип на грижа треба да се реализира останува отворено прашање?
Семејно насилство – потребно е да се јакнат личносните структури, економската независност, третман за насилникот, мерки за заштита и тука нема систем. . . .
Социјалната заштита е многу комплексна проблематика и нејзиното равенство е грижа еден за друг и човечност. Ако се знае дека култот на една нација се мери баш по тие индикатори чуму ни е чудно какви ни се рејтинзите и каде сме во листинзите по сите основи. Корупцијата и популистичките реакции не се решение за соживот и граѓанско општество за сите тие се синоним за животи во сенка и промашени детства.