Актуелно 20.09.2018 14:11

Косовскиот претседател Тачи со поддршка за рефрендумот: Албанците, каде и да се, треба да бидат обединети

Косовскиот претседател Тачи со поддршка за рефрендумот: Албанците, каде и да се, треба да бидат обединети

Косовскиот претседател Хашим Тачи го прими денеска на работна средба лидерот на Демократската партија на Албанците во Македонија Мендух Тачи, со кого разговарал за актуелните процеси во двете земји и во регионот, јави дописникот на МИА од Приштина.

По средбата, во објава на Фејсбук, косовскиот претседател порача дека „Албанците, каде и да се, треба да бидат обединети и посветени на секое решение во рамките на западните вредности.

– Поддршката за референдумот во Македонија и за дијалогот меѓу Косово и Србија е јасна определба за европската иднина на Албанците и на сите народи во нашиот регион, напиша Хашим Тачи по средбата со Мендух Тачи.