Актуелно 04.12.2018 16:37

КУРИР АНКЕТА: Граѓаните чекаат на Господ, да дувне ветер- власта не размислува и не презема ништо за нас (ВИДЕО)

КУРИР АНКЕТА: Граѓаните чекаат на Господ, да дувне ветер- власта не размислува и не презема ништо за нас (ВИДЕО)

КУРИР денеска на терен направи анкета со загрижените скопјани во врска со загадениот воздух овие денови.

И додека власта не мрднува со прст и преку соопштенија во јавноста ја обвинува претходната власт и нивното владеење, граѓаните на Скопје порачаа веднаш да се преземат итни мерки против загадувањето.

-Има многу исечени дрва и треба градот да се исчисти, овој проблем ќе се реши ако има повеќе зеленило и ако се одржува голема хигиена низ градот.

-Сега слушаме на телевизија, на радио постојано за ова загадување, меѓутоа решението се уште го нема, макар да се прават некои напори од страна на владата и некои мерки да се преземат. Јас мислам дека тие мерки се многу малку, единствено ако има дожд, снег, ветер па да се прочисти воздухот.

-Се задушивме, загадувањето не знам како ќе се реши, власта не презема ништо, само господ ако преземе да дувне ветер инаку власта што ќе преземе , ништо…

-Тие што седат во Собрание нека го решат тоа, ништо не преземаат.

-Мислам дека ништо не презема власта и вчера вечерта беа измерени околу 500-тини милиграми на кубен и мислам дека премногу штети на луѓето кои не се свесни за тоа, не само власта, ниту луѓето.

-Не се диши стварно, ништо не се презема само се зборува…Деца се во прашање треба да размислуваат за нив.