Актуелно 22.06.2020 13:20

Лажни ветувања на Петре Шилегов за општина Ѓорче Петров

Лажни ветувања на Петре Шилегов за општина Ѓорче Петров

ЛАЖНИТЕ ВЕТУВАЊА НА ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ ЗА ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

По скоро три години откога Петре Шилегов е градоначалник на Град Скопје граѓаните секојдневно се уверуваат во неговата неспособност. Тој упорно докажува дека е еден од најнеспособните градоначалници на Скопје.

Неговите лажни ветувања се гледаат во сите области и во сите општини.

Во неговата предизборна програма Шилегов вети поврзување на општина Ѓорче Петров со Карпош со изградба на мост на реката Вардар и поврзување со булеварот Илинден. Но, тој проект е целосно заборавен од Шилегов.

Шилегов во неговата програма помпезно најавуваше решавање на сообраќајниот метеж што се создава на влезот на Скопје, пред мостот кон Сарај, со изградба на голем кружен тек. Секако, во свој стил, Шилегов се што вети штом седна во градоначалничката фотеља го заборави.

Шилегов во својата програма вети и изградба на нов железнички надвозник во населбата Даме Груев, каде се поврзуваат со правецот Ново село – Никиштани. На оваа локација, Шилегов вети изградба на нов надвозник, со зголемен капацитет, велосипедска и пешачка патека. Секако, и за ова Шилегов нема време да го реализира, а можеби не се ни сеќава.

Спортот и рекреацијата тоа беше омилена тема на Шилегов во предизборието. Конкретно за жителите на Ѓорче Петров, тој вети целосно поврзување на велосипедските патеки по кејот на Вардар и реката Лепенец со останатите во градот. Тој во неговата програма вети дека „левиот кеј ќе добие нови содржини, велосипедски патеки, осветлување, спортски реквизити и друга урбана опрема, а десниот реновиран и ослободен од препреките за велосипедистите, рекреативците и пешаците.“

Дополнително, тој ветуваше нова велосипедска патека што ќе води од реката Вардар, нагоре, по нејзината притока Лепенец и ќе им овозможи брз вело-пристап на жителите на населбите Ѓорче Петров, Даме Груев, Ново село, Кисела јабука и Волково. Од сето ова, Шилегов не исполни ама баш ништо!

Повторно, од Шилегов скопјани и ѓорчепетровци добија само ветувања но сето тоа се сведе само на куп лаги.

Фејсбук статус на комисиите на ВМРО-ДПМНЕ.