Актуелно 27.07.2018 14:53

Лидер: Заев го погази зборот, ќе се гради рудникот Иловица: Кој ќе добие милиони за транспорт?

Лидер: Заев го погази зборот, ќе се гради рудникот Иловица: Кој ќе добие милиони за транспорт?

Се посигурно е дека премиерот Зоран Заев, но и дел граѓанските организации кои беа формирани пред парламентарните избори во 2016 и локалните избори во 2017 година ќе го погазат зборот кој го дадоа на граѓаните, пишува порталот Лидер.

Проектот за рудникот Иловица-Штука во општина Ново Село кој пред година две беше напаѓан од Заев, СДСМ и граѓанските организации сепак ќе се гради, а останува нејасно како се разубедија критизерите на овој проект кои беа против било каков рудник во овој земјоделски крај.

Иако инвеститорот Еуромакс рисорсис од самиот почеток тврдеше дека изградбата и работењето на рудникот се прави според највисоките еколошки стандарди, пред нецела година премиерот Заев ги убедуваше граѓаните дека тој како премиер и владата која ја води се против изградба на рудници, пишува порталот.

-Дозволете да се обратам за да го знаете нашиот став и како влада и како политичка опција и како коалиција. Јас го соопштив ставот на владата. Ставот на владата е многу логичен, нешто што го чекаат граѓаните. Заради тоа и СДСМ стоеше позади граѓанските организации, поддржувајќи ги во нивното водство, Едно да биде јасно. Лично јас но и владата сме против рудниците и ќе направиме се да го заштитиме здравјето и животот на нашите граѓани- рече Зоран Заев на промоцијата на Боро Стојчев како градоначалник на општина Ново село во 2017 година.

Што е тоа што го промени ставот на Заев и на Владата во врска со здравјето и животот на граѓаните?

Во струмичката јавност постојат непотврдени информации дека пресудно значење за промена на пристапот кон рудиците има вносниот бизнис, изразен во милиони евра, со транспорт на 10 милиони тони руда од Иловица- Штука до Република Бугарија. Овој бакарен концентрат ќе се транспортира со камиони и веќе се шпекулира која фирма од Струмица или некоја нејзина партнерска фирма ќе го добие што ќе значи милиони евра во приватни џебови.

Дали овој милионски бизнис за транспорт ќе биде причината поради која институциите и дел од граѓанските здруженија. Влада во своето соопштенија најави дека ќе формира мониторинг тело кое ќе го надгледувало рудникот.

-Следните чекори ќе бидат заеднички, преку континуирана дискусија и дијалог, при што компанијата ќе биде посветена да испорача гаранција за заштита на здравјето на локалното насление, а Владата ќе биде тука да врши контрола низ процесите што се во нејзина надлежност. Меѓу заклучоците од средбата е и најавата да се формира независно мониторинг тело кое ќе врши проверка на секој чекор низ престојните фази, се вели во соопшетнието од Владата.

Активистите на екодвижењето „Здрава котлина“ кое беше најгласно во противењето на изградбата на рудникот демантираат дека дале согласност да учествуваат во „мониторинг тело“ што ќе ја следи работата на рудникот Иловица-Штука. Тие реагираат на „контраверзното соопштение на Владата на РМ“ издадено по консултативниот состанок за рудникот на смртта Иловица-Штука, кој се одржа на 20 јули, 2018 во Струмица. Според нив недозволиво е изградба на рудникот Иловица-Штука и тие се одлучно против неговото отворање.
https://m.facebook.com/ekonomskilider/videos/1741343799267607/