Според информации на порталот, Чадиковски на оваа функција доаѓа на предлог на власта, но официјално ќе биде предложен од сегашниот претседател на ЗНМ, Насер Селмани.
-Претседателот на ЗНМ се бира на Изборното собрание, а според нашите информации Чадиковски е единствен кадидат засега. Рокот за поднесување на кандидатура за претседател е до 12 декември. Неофицијално, Чадиковски, кој беше дел од медиумската империја на Велија Рамковски, има поддршка од власта, со цел да ги протне политиките на премиерот Зоран Заев и на СДСМ, за да може да се воспостави контрола врз целиот медиумски сектор. Според нашите информации од ЗНМ, повеќето членови не сакаат Чадиковски да биде претседател и на ова Изборно собрание, како и претходните, се очекува да има турбуленции, пишува порталот.
За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНМ постојано, жестоко реагираше на притисокот на власта врз медиумите. Во изминатите година и пол, додека СДСМ е на власт, ЗНМ како да е во коалиција со нив и воопшто не реагира ниту на притисоците, ниту на пресметката на власта со критички настроените новинари и медиуми.