Актуелно 03.09.2018 11:12

Македонци од Берлин одбиле да се сретнат со министерот за дијаспора Адеми

Македонци од Берлин одбиле да се сретнат со министерот за дијаспора Адеми

Министерот за дијаспора Едмонд Адеми бил одбиен за средба од Македонската црковна заедница во Берлин која не сакала да се сретне со владиниот функционер затоа што не се согласувале со политиките на власта, објави Експрес.

Министерот од редовите на СДСМ е во неколкудневна посета на главниот град на Германија и во својата „турнеја“ има за цел да го објасни преспанскиот договор за чие прифаќање ќе се одлучува на референдум распишан за 30 септември.

Во писмото кое го објавуваат Македонци од Германија со кое се одбива средбата со црковната општина на МПЦ Свети Климент Охридски од Берлин, се вели дека ја одбиваат состанок затоа што било најавено дека ќе се зборува за дневни политички теми.

Причина за одбивањето на средбата е и најавата дека на неа министерот Адеми сакал да ги промовира придобивките од договорот со Грција. За Црковната општина Свети Климент Охридски се работи за штетен и срамен договор и нема потреба сега или било кога некој пред нејзините членови да ги презентира придобивките од него.