Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.03.-31.03.2019 година вкупниот промет изнесувал 995.462.412 денари и е зголемен во однос на февруари 2019 за 232,30 отсто.
Класичното тргување изнесува 292.372.091 денари и е зголемено во однос на февруари за 7,17 отсто.
Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 266.828.391 денари, обврзници во вредност од 14.099.285 денари и останати хартии 11.444.415 денари.
Блок трансакциите во март изнесувале 395.615.321 денари и се зголемени за 1.378,66 отсто во однос на февруари.
Бројот на трансакции во март изнесувал 1.396.
Најтргувани акции на официјалниот пазар за третиот месец од годината беа на Комерцијална банка, следи Алкалоид АД Скопје, а Макпетрол го зазема третото место.
Месечниот статистички билтен за март 2019 година можете да го погледнете тука.