Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.10.-31.10.2018 година вкупниот промет изнесувал 715.116.199 денари и е зголемен во однос на август за 47,90 отсто.
Класичното тргување изнесува 568.838.626 денари и е зголемено во однос на септември за 60,77 отсто кога изнесувало 353.818.953 денари.
Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 528.112.415 денари и обврзници во вредност од 40.726.211 денари.
Блок трансакциите за октомври изнесувале 133.845.900 денари и се зголемени за 3,19 отсто во однос на септември.
Бројот на трансакции во октомври изнесувал 2.574 и е зголемен за 39,66 отсто во однос на септември кога изнесувал 1.843.
Најтргувани акции на официјалниот пазар за октомври се на Комерцијална банка, следи Алкалоид АД Скопје, а НЛБ Банка го зазема третото место.
Месечниот статистички билтен за октомври 2018 година можете да го погледнете тука.