Актуелно,Економија 08.10.2018 10:59

Македонската економија последна во регионот

Македонската економија последна во регионот

Македонската економија последна во регионот на Западен Балкан. Според последните проекции на Светска банка, земјава ќе оствари најнизок економски раст годинава од само два и пол проценти, што е помалку од Босна и Херцеговина со проекции за раст од 3.2%, од Србија со 3 и пол отсто, Црна Гора со 3.8%, како и Албанија и Косово кои ќе достигнат раст од 4%.

Според проценка на  експертите од Светска Банка, земјава ќе го достигне она што го планираше за годинава – раст од 3.2% за дури две години. Од Светска Банка алармираат дека Владата треба што побрзо да ги консолидира јавните финансии и да го намали јавниот долг кој до крајот на декември ќе достигне 50% од БДП. Дополнително, бараат Владата прво да прави детални анализи, а дури потоа да започнува капитални проекти, ако сака да го достигне проектираниот раст.