Трета година со ред СДСМ не започнува со изградба на социјалните станови во Виница Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Магдалена Манаскова на денешната седница на комисијата за финансирање и буџет изјави дека владата на СДСМ и локалната власт во Виница веќе трета година со ред не започнуваат со изградба на социјалните станови, иако од владата на ВМРО-ДПМНЕ веќе беа обезбедени средства, локација и градежна дозвола.
Таа вели дека поголеми се шансите да истече градежната дозвола, отколку да се започне со изградба на социјалните станови, бидејќи од министерството прво најавија дека ќе започнат во јуни, но сега нема никакви градежни активности, а во градот освен ситни проекти ништо се нема сработено.
Го поднесов амандманот затоа што три години сме сведоци на некакви проектчиња, патчиња, канти за ѓубре и слично, ниту еден капитален проект нема започнато во Општина Виница и тоа е на микро ниво сликата што ја имаме во цела држава, ситни проектчиња, од капитални проекти нема ни к, тоа е и целата слика за ребалансот, неможноста да се работи на капитални проекти се пренаменуваат средствата во популистички проекти, потенцираше Манаскова.