Од ден на ден се повеќе и повеќе расте очајот, нервозата и паниката во редовите на СДСМ. Исплашени од денот кога катастрофално ќе загубат на предвремените парламентарни избори и кога оваа расипничка и криминална власт конечно ќе замине во опозиција, СДСМ и нивната Влада не бираат начини и средства како да се одржат на власт, истакна Никола Мицевски, координатор на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.
-Смешни се обвинувањата кои СДСМ очајнички се обидува да ги пласира во јавноста, за да ја испере својата одговорност за недомаќинското работење на своите градоначалници, функкционери и директори на јавни претпријатија во Република Македонија. Имено, крајно несериозно и неодговорно е тоа што во очи на предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 12-ти април, СДСМ инсистира и брза во Собранието на Република Македонија да го изгласа Предлог – законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, со кој има намера повторно да им ги прости долговите и штетите од грабежот и расипничкото трошење на народни пари на своите градоначалници и локални директори на јавните претпријатија ширум републиката, а на штета на граганите, рече Мицевски и додаде:
„Само за потсетување, пред извесен период токму со Законот за финансиска поддршка на Единиците на локална самоуправа и единките корисници основани од ЕЛС за финансирање на доспеани, а неплатени обврски на 15.11.2018 година, на 81 општина и Град Скопје кои до тој момент пријавиле неподмирени долгови им беа доделени околу 49 милиони евра, најчесто долгови кон доверители кои доаѓаа од приватниот сектор. И покрај ваквата финансиска помош на општините во 2018 година од страна на централната власт, вкупниот износ на обврски од страна на сите општини наместо да се намалува, тој продолжува да расте, па така во четвртиот квартал од 2019 година, овие обврски на општините пораснале за дополнителни 25% односно за околу 12,5 милиони евра. Интересен и поразителен е фактот што и покрај помошта од државата, сепак долговите кај 35 општини пораснале, со што кај 16 општини на крајот на 2019 година долговите пораснале за фрапантни од 200% до 470%, односно обврските на овие 16 општини пораснале до приближно 6 пати. Тоа е доволен и класичен доказ дека СДСМ и нивните градоначалници се крајно неспособни, криминогени и неодговорни“.
Сега, потенцира Мицевски, СДСМ, во овој предизборен период, повторно сака и се обидува уште еднаш да ги покрие и затскрие своите неспособни градоначалници и директори на јавни претпријатија така што со парите на граѓаните ќе ги покрие луксузирањата, расфрлањата и долговите направени од страна на нивните функционери.
-Дополнително, во овој предизборен период, со ваквиот отпис на долговите, СДСМ сака да им ги одложи обврските на јавните претпријатија и подготвува терен преку своите градоначалници и директори да врши манипулации, поткуп, тргување и купување на гласачи, знаејќи дека му претстои тежок изборен пораз на 12-ти април. Очигледно е дека СДСМ секогаш го бира најлесниот, недомаќинскиот и криминалниот начин за привидно и вештачко решавање на штетите од своето владеење. Ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ нема да ја дозволиме оваа кражба на народни пари бидејќи граѓаните не се должни и нема да ја плаќаат неспособноста и расипништвото на оваа власт, која неконтролирано троши и се расфрла со народните пари. Токму затоа, поради ваквото крајно расипничко и криминално расфрлање и трошење на народните пари, СДСМ ќе ја добие пораката од граѓаните која на 12-ти април заслужено ќе го испрати во опозиција и конечно правото и правната држава ќе профункционира и за сите оние кои се огрешиле пред законите, одговорност ќе има.