Шпицен кандидат или кандидат за носител на мандатот гледаме дека се кријат, препелкаат, молчат ги нема уплашени се. Нашиот е многу принципиелен став еве во текот на деновиве што идат ќе има повторно преговори по изборниот законик, принципиелен став, имаме една вертикална морална линија, велиме да имаме кандидат за мандатар кој што ќе излезе на избори ќе ја бара довербата од граѓаните, доколку изгуби, биде поразен се повлекува, доколку победи добива можност да ја формира Владата.
Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање- дали има расположение од власта за вашиот предлог за шпицен кандидат?
-И едноставен е одговорот или е вака или е така и сега вие кога ја слушате изјавата на Зоран Заев он вели не се секирајте Мицкоски размислувал на пораз он размислувал за победа. Еве да речеме да претпоставиме дека овие анкети кои што се во јавноста познати да речеме дека расположението во јавноста вакво какво што е биде на страната на опозицијата или на страна на обновата, а Зоран Заев загуби. Бидејќи ќе ве потсетам на една негова изјава пред предвремените парламентарни избори во 2016-тата година дадена на еден национален медиум, на прашањето дали доколку загубите вие ќе си поднесете оставка, рече и доколку имам еден глас помалку јас ќе си поднесам оставка, но ете гледате во нему својствен стил тоа не се случи, рече Мицкоски и додаде:
„Еве му можност бидејќи блескаме нели велиме дека е се добро во државата, ајде да имаме кандидат за носител на мандатот, тој што ќе ги загуби изборите да ја напушти политичката сцена и да се соочи со одговорноста и нормално со последиците. Тој што ќе победи нормално ќе има можност да добие мандат и да ја формира идната Влада и да раководи со Владата и институциите. Многу е едноставно прашањето и одговорот на ова прашање, но еве минуваат веќе една недела и повеќе откако ова прашање беше актуелно, за жал молчат ги нема, немаат јасен став се препелкаат итн. Морален е предлогот, губите заминувате од политиката, победувате ја формирате Владата, не да се криете зад пратеничкиот мандат, не позади пратеничкиот имунитет, излезете соочете се со граѓаните. Велите блескаме, повелете побарајте од граѓаните поддршка, доколку изгубите тоа е тоа“.