Актуелно 27.02.2019 22:58

Мицкоски: Денес полицијата апси млади деца затоа што не мислат како власта!

Мицкоски: Денес полицијата апси млади деца затоа што не мислат како власта!

Во своето гостување во емисијата ,,Печат на неделата’’ на 1ТВ, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговараше на прашањата на водителот, Сашо Ордановски. Мицкоски го потсети својот соговорник на актуелните случувања и политичкиот прогон кој се спроведува во Македонија, напоменувајќи го денешното апсење на малолетници кои се активисти на опозицијата.

-Денеска полицијата апси млади луѓе 17 годишни луѓе, кои што да дел од нив и се активисти на ВМРО-ДПМНЕ, само затоа што напишале графит. И вие ми кажувате за заробена држава. Ама гледам дека вие премногу сте опседнати со Груевски. Требаше Никола Груевски да го викнете во емисија, констатираше Мицкоски.