Актуелно 16.04.2019 16:08

Мицкоски до разочараните членови на СДСМ: Знаат дека ниту правда се донесе, ниту мир се постигна, Заев ги предаде сите идеали во кои веруваа

Мицкоски до разочараните членови на СДСМ: Знаат дека ниту правда се донесе, ниту мир се постигна, Заев ги предаде сите идеали во кои веруваа

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се обрати до разочараните членови на СДСМ.

-До разочараните членови на СДСМ, оние на коишто вистински им значи Македонија и кои знаат дека корупцијата и криминалот не се работи кои се оправдуваат. До оние кои што чекореа по овие улици и вистински се понадеваа дека ќе се изборат да има правда и да има мир. Но, знаат дека ниту правда се донесе, ниту мир се постигна, а воедно Заев ги предаде сите идеали во кои веруваа. Не е ова СДСМ на кое се надеваа, ова е Зоран Заев кој што нив ги измами. Сега е моментот кога треба да бидете доследни на она во што верувате, бидејќи живот без идеали е како куќа без темели, а што е животот во Македонија, ништо, дрво без корен. Се да имаме Македонија ако ја немаме исто како ништо да сме немале!, напиша Мицкоски на Фејсбук.