Актуелно 09.11.2018 19:53

Мицкоски: Иднината на Македонија е ЕУ, и Македонија како дел од НАТО

Мицкоски: Иднината на Македонија е ЕУ, и Македонија како дел од НАТО

Дали сте антизападен?- беше прашањето на новинарот на ТВ Алфа вечерва до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на што првиот човек на најголемата опозициска партија во Македонија одговори дека не сака да ја коментираа таа смешна теза, но како што рече за граѓаните да го знаат генерално неговиот став е дека тој ја гледа земјата како членка во ЕУ и НАТО.

-Смешно е да се коментира дека сум антизападен. Ја гледам Република Македонија како дел од НАТО и европското семјество. Немам никаква дилема за иднината на граѓаните на Македонија. На ЕПП ние оставривме средби со високи политичари, исцрпивме определини совети сугести… Не би сакал да коментирам на оваа теза. Иднината на Македонија е Европската Унија, и Македонија како дел од НАТО алијансата, изјави Мицкоски.