На ТВ дуелот помеѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски порача дека откако Зоран Заев е на власт има се повеќе нарачани пресуди и обвиненија.
Доколку законот имаше честита намера да ја гони правдата во Република Македонија, односно да ги гони криминалците и криминалот и да ја обезбеди правдата на граѓаните прво ќе беше предложен во рамките на Собранието уште во декември месец. Ќе имаше доволно време да се разговара и до сега заеднички да се сложиме за нашите аргументи и факти наспроти фактите и моментите на поднесувачот. И да видиме чии факти и аргументи ќе провладејат и ќе бидеме подготвени да ги прифатиме, изјави Мицкоски и додаде:
„Изминатиот период учествуваме и заедно со владата усвоивме низа сет реформски закони, па од тоа што сум информиран, и вториот значаен закон, а тоа е за формирање на националната безбедносна агенција, преговорите одат во добра насока. Е сега зошто се закочи законот за Јавно обвинителство еве ви кажав зошто ние треба да сме искрени и на јавноста да и кажеме дека ние сакаме исклучиво да го користиме тој закон како алатка и инструмент за притисок врз опозицијата. Ние велиме во ред нека биде вклучен периодот 2008 и 2015, немаме проблем но ајде да видиме што се случи после 2015.“
Мицкоски праша што се случи со онаа прес конференција на која Љубомир Јовевски, јавниот обвинител изјави дека обвинителите и судиите се снимани, а Министерот за внатрешни работи рече дека материјалите се на сигурно не се грижите.
Ние имаме основано сомневање за нарачани обвиненија и нарачани пресуди, нагласи Мицкоски.